Каналскиот остров Џерси е познат по тоа што е мирна, живописна локација, идеална на бегство од реалноста. Сепак, жителите на Џерси се темелно изнемоштени од агресивните банди од дивите кокошки кои предизвикуваат апсолутен хаос.
Сега, можеби не мислите дека кокошките се особено застрашувачки суштества. Сепак, замислете 100-тина како ве бркаат додека шетате низ паркот и обидете се да не се исплашите…
Овие смели птици, наводно ги бркаат жителите, уништуваат градини, расфрлаат ѓубре и предизвикуваат хаос во сообраќајот. Спротивно на кукавичкиот стереотип, овие кокошки и петли најмногу сакаат да ги бркаат луѓето кои џогираат.
Иако веќе се проведени одредени мерки и 35 кокошки биле убиени, сепак останатите птици продолжуваат да предизвикуваат хаос.
Се верува дека некој се грижел за кокошките и ги напуштил, по што тие почнале да се размножуваат. Бидејќи на островот нема лисици, нема природни предатори за да ги задржат растечките броеви под контрола.
Низ островот има неколку банди на кокошки од кои најголемата се состои од 100 „членови“.
Локалните власти велат дека водат тешка битка против кокошките и ги предупредија жителите да не ги хранат, бидејќи тоа ќе ги охрабри да се размножуваат.