Бритни и Бријана се запознале со браќата Џош и Џереми минатата година на „Фестивалот за близнаци“ во Твинсбург, Охајо. По една година љубовна врска тие решиле да го кажат судбоносното „да“ во заедничка бајковита церемонија, која не може да се види често.
32-годишните сестри и 34-годишните браќа, дури имале и свештеници кои се идентични близнаци. И за сестрите и за браќата било од голема важност да стапат во брак со личности кои исто така се идентични близнаци. „Навистина ни се оствари бајката. Да се омажиме за идентични близнаци секогаш ни беше важно. Дури кога бевме мали девојчиња во градинка знаевме дека така сакаме да се видиме во иднина.“, вели Бријана.
Иако живееле во различни држави по запознавањето на фестивалот браќата се согласиле да ги посетат сестрите. За да биде сѐ во духот на близнаците, Џош и Џереми ги запросиле Бритни и Бријана на 02.02, оваа година.
Браќата велат дека знаеле дека ќе бидат во брак со сестрите веднаш откако отпатувале да се запознаат со нив подобро. „Кога знаеш, нешто, знаеш. Ние целиот живот знаевме дека доколку се жениме тоа ќе биде со идентични близначки.“, вели Џереми.
Девојките велат дека заедничкото планирање на свадбата било „забавно и мирно“ благодарение на нивниот идентичен вкус за сѐ.
Сега сестрите со нетрпение го очекуваат животот како мажени жени, кои ќе живеат во една иста куќа со своите сопрузи и заедно ќе се грижат за нивните деца. „Претпоставувам дека тоа ќе биде како да имаат две мајки и двајца татковци. Ќе се грижиме за нашите семејства заедно.“, вели Бритни.