Маѓосниците и бајачите се сѐ покреативни при растурањето на црни магии. Еден доказ за тоа е г-н Сајад Шан, чиишто сили можеле смело да ги решат сите брачни проблеми на една 28-годишна жена од Бирмингем, Велика Британија. Маѓосникот за својата услуга побарал 6000 фунти, со напомена дека растурањето на лошата магија може да успее само ако дамата се согласи да си поигра со неговата волшебна прачка.

bj03

Несреќната сопруга цели три години страдала во брачниот живот со нејзиниот маж. Животот не ѝ бил особено розов и решила да побара некој бајач кој ќе ѝ помогне. Очигледно магијата не се фатила, бидејќи при дополнителен контакт подоцна, бајачот предложил да ја повторат целата процедура. Госпоѓата отпрвин не сакала да ѝ се прави толку силна магија, но забележувајќи дека ситуацијата во нејзиниот дом не се подобрува, таа се согласила.

bj02

Шан тврди дека тој самиот не зема пари за своите услуги, а собраните пари ги праќал на неговиот учител кој му помагал со магиите. Жената решила да престане со бајачките ритуали откако прочитала за лошото искуство на друга жена во локалниот весник. Е така ти е тоа кога си имаш работа со бајачи.

bj01

Сподели на Facebook
пати видено