Една порака пратена по грешка доведе до убава традиција за Денот на благодарноста, која кога прв пат започна ги освои срцата на илјадници луѓе низ светот и сега трае со години.
Ванда Денч прв пат го покажала вистинскиот дух на празникот кога случајно испратила порака за вечера на Денот на благодарноста на Џамал Хинтон во 2016 година, мислејќи дека е нејзиниот внук.
Кога „збрката“ се расчистила Џамал прашал дали сепак може да си го задржи местото на трпезата, а бабата од Ариозна останала верна на кажаното. Ова е третата година по ред како Џамал, кој сега има 19 години го крши лебот заедно со Ванда на истата маса.
Џамал објавил фотографии на Твитер во кои може да се види нивната традиција која трае 3 години. Ванда го направила Џамал нејзиниот „почесен внук“ по легендарната збрка во 2016 година.
Момчето изјавило дека бил изненаден од добрината на Ванда, која веднаш што го видела го прегрнала и му посакала топло добредојде. Тој е среќен што нивната смешна приказна успеала да внесе позитивна енергија во животите на луѓето.