Запознајте ја Жаклина, на која не би и дале ни 25 години, иако е баба на две внучиња. Стотици илјади луѓе го следат нејзиниот Инстаграм профил заради нејзината витка става и младешки изглед, а популарно ја нарекоа Истагран (кованица од Инстаграм и Granny(англ. за баба)).
Жаклина има 47 години и 28 годишна ќерка. Своите постови под називот ‘realfashionist’ таа често ги означува под хаштаг #grandmotherthatlovesfashion (во превод: баба што ја сака модата). Со тоа, таа не ги крие своите години, ниту фактот дека е баба, а има за цел да ги инспирира жените да ја разбудат својата дива страна, како што вели таа.
Без ниту една брчка на лицето, ултра модерна, Жаклина е по потекло од Србија. Таа живее и работи во Италија, како модна блогерка, давајќи совети на многу жени од Швајцарија, Франција и Полска.