Судење во Свети Никола. Обвинителот го повикува својот прв сведок, Баба Митра.
– Баба Митро, ме познаваш ли мене?
– Те знам, Перо, те знам уште од дете и прави да ти кажам, многу си ме разочарал. Ти не лажеш, туку сушиш, ја изневеруваш жена ти, им зборуваш зад грб на пријателите, голем преварант си, мислиш дека си којзнае што, а си еден ситен бирократ.
Обвинителот како да го удрил гром од ведро небо, но наоѓа сили и вели:
– Баба Митро, дали го познаваш оној таму? – И покажува со прстот кон адвокатот на обвинетиот.
– О, го знам, јас ли нема да го знам. Тој е лош адвокат, не се грижи за клиентите, само мисли на пари, пијаница, коцкар и редовно ја е*е жена ти…
Судијата го прекинува сведокот и ги повикува обвинителот и адвокатот кај него за да им соопшти нешто тивко:
– Само никој од вас нека се осмели да ја прашаш ништо за мене! Двајцата ќе ве ставам зад решетки!