Постари луѓе биле избркани од куќата во која живееле повеќе од педест години откако, како што велат тие, ги измамил нивниот внук. Осумдесет и осумгодишниот Хенк и осумдесет и седумгодишната Хелен Кавеки од Таузенд Оукс, Калифорнија, биле присилени да ја напуштата куќата бидејќи нивниот внук ја продал без да им каже.

st01

Поради тоа морале да покренат тужба против нивниот внук, кој досега немал никакво досие. На бабата и дедото, кои имаат пет внуци и пет правнуци, им е скршено срцето поради тоа што еден од нивните омилени внуци – кого го нарекуваат „златно дете“ – им го сторил тоа.

„Не ни помислував дека мој внук би ми го сторил тоа“, вели Хелен. „Тоа би било последната личност на која би помислила.“ Хенк додава: „На некој начин е лошо – тоа ви е семејство.“

st02

Двојката раскажува дека нивниот внук од време на време ги намамувал надвор од куќата под разни изговори и тогаш им ја покажувал на потенцијалните купувачи. Покрај тоа, внукот ги измамил куќата да му ја препишат нему. Имено, пред две години размислувале да подигнат заем од банката, но тој им кажал дека со оглед на нивната возраст, ќе им биде тешко, па им предложил тој да подигне место нив. Потоа им предложил да му ја препишат куќата за тој да подигне кредит за неа и да им ги даде парите. Подоцна ги убедил дека ќе им заштеди пари ако тој ги задржи парите од заемот – околу 470 000 долари – а тој да им плаќа месечни рати. Тие се согласиле, но по неколку месеци парите престанале да пристигнуваат.

st03

„Ги потпишавме документите, но не ги прочитавме внимателно“, вели Хенк. „Му поверувавме и тоа беше наша грешка.“

Подоцна ги лажел велејќи им дека персонал од банката доаѓал да ја процени вредноста на нивниот имот, а тоа всушност биле агенти за недвижнини кои ја покажувале куќата на клиенти. Но, вистината ја дознале од нивниот сосед, кој го забележал знакот „Се продава“, на нивниот тревник. Во моментот старците престојуваат кај нивниот сосед и основале веб страна за доброволни прилози, за да можат да ја платат киријата и трошоците за селење, како и да соберат средства да ги подмират судските трошоци.

st04

Нивниот сосед Емерсон вели: „Тие се најфините луѓе кои ги познавам. Емоционалниот стрес кој го трпат е просто неподнослив за нив. Се надеваме дека луѓето ќе им помогнат да го зачуваат нивниот дом. Тоа е сѐ што имаат.“

Сподели на Facebook
пати видено