Австралија би можела да стане првата земја во светот што ќе го елиминира ракот на грлото на матката. Истражувачите од универзитетот Грифит во Квинсленд користеле технологија за уредување на гените за да таргетираат тумори на карцином на грлото на матката кај глувци користејќи „скриени“ наночестички.
Главниот истражувач професорот Најџел Мекмилан рече дека тоа е првиот лек за рак со користење на оваа технологија. На третираните глувци имало стапка на преживување од 100 проценти, зголемувајќи ги надежите за жени со карцином на грлото на матката.
Алатката за уредување на гени, позната како CRISPR-Cas9, се инјектира со наночестички во крвотокот на пациентот. Наночестичките потоа го бараат генот кој го предизвикува ракот Е7 и го пресекуваат генот на половина. Кога клетката го поправа генот со дополнителна ДНК, клетката не ги препознава канцерогени клетки и создава здрава клетка.
Професорот Најџел Мекмилан ги опиша наночестичките како лектори кои проверуваат грешки во правописот. Професорот Мекмилан, заедно со партнерот за истражување Лукман Џабаир, аплицираа за грант за да започнат со човечки тестови во наредните пет години.
„Има уште многу чекори што треба да се поминат пред да дојдеме до фазата на клиничко тестирање, но мислам дека ова навистина докажува дека уредувањето на гените ќе се покаже како корисно“, вели професорот Мекмилан.