Жена од Самфорд, во регионот на Моретон Беј во Квинсленд ги отворила вратите и прозорците на нејзиниот дом за да проветри, затоа што немала клима уред. Кога влегла во собата за перење сфатила дека така „поканила“ непожелен гостин.

Во нејзината соба за перење решила да се разлади огромна и крајно отровна источна кафеава змија. Исплашената жена веднаш го повикала службите во Австралија задолжени за справување со вакви ситуации и тие ја отстраниле змијата.

Токму кога жената помислила дека ова е крај на нејзините маки, наредниот ден на нејзиниот прозорец со појавиле уште две отровни кафеави змии. Жената вели дека едната се обидувала да влезе преку малку отворениот прозорец, а другата „тропала“ на прозорецот.

Таа повторно ги повикала службите, но за жал тие успеале да фатат само една од змиите. Г-дин Браун кој бил испратен да го реши случајот верува дека зголемената активност на змии околу нејзиниот дом може да биде предизвикана од женските влечуги, кои испуштаат посебен мирис кога овулираат.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено