Книгите со Вини Пу, барбиките и цртаните и игрите кои вклучуваат суперхерои се меѓу работите кои би требало да бидат забранети според радикалната студија за „полови стереотипи“.
Голем број викториски совети ќе одговорат на студијата на австралискиот национален универзитет, во кој се наведува дека едукаторите треба да избегнуваат да ги користат термините „момче“ и „девојче“ и да ги класифицираат децата според полот.
Студијата значи дека училиштата во Мелбурн, детските градинки и библиотеките би можеле да останат без одредени книжевни дела. Истражувањето покажа дека „има предрасуди за раса и пол“ кај деца на возраст од три години. Девојчињата кои што се играле со „феминизирани ликови“, како што се Барби куклите, имале помалку опции за кариера, додека оние што се играле со играчки со Дизни принцезите имале повеќе женски стереотипни погледи.
Во меѓувреме, момчињата што гледале суперхеројски цртани филмови имале повеќе родови стереотипи во своето размислување, открива студијата. Сега советите треба да ги разгледаат образовните ресурси, обезбедувајќи приказни и искуства да ги надминуваат „половите стереотипни наративи“.
Наставниците, исто така, ќе бидат охрабрени да не избираат играчки во бои карактеристични за одреден пол, или да користат изрази како „момчиња ќе бидат момчиња“, според публикацијата. Градскиот совет во Манингем веќе ги проверува книгите за родовите модели и разновидност, додека од наставниците се бара да се воздржат да ги нарекуваат девојчињата „душо“ и „злато“.
Од библиотеките во Градскиот совет во Мариборнонг се бара да промовираат „полова еднаквост“ и да ги „преиспитаат половите стереотипи“ во нивните селекции на книги. Министерката за жени и превенција на семејно насилство Натали Хатчинс за публикацијата изјави дека „неопходната промена нема да се случи“ без родова еднаквост.
Меѓутоа, портпаролката на опозицијата, Џорџи Крозиер, ја критикувала можната одлука за забрана на одредени книги. Таа вели: „Лудо е. Момчињата треба да бидат момчиња и девојките треба да се девојки. Секое финансирање треба да се фокусира на интервенции за да се спречи семејното насилство, а не радикални родови теории“.