Да морате да го користите авионскиот тоалет е само по себе непријатно. Можете ли да замислите што би значело за вашето самопочитување авионот да мора принудно да слета бидејќи премногу сте засмрделе?
Токму тоа му се случило на некој патник при летот на Бритиш Ерлајнс од Лондон до Дубаи. Во текот на петнаесетте минути додека авионот бил во воздух, еден од патниците со разбранувани црева итно отрчал во малата просторија во задниот дел на авионот кој се нарекува тоалет за да го испразни дебелото црево.
Набргу откако патникот излегол од тоалетот, останатите патници почнале да се жалат дека од тоалетот се шири неподнослива реа. Поплаките станувале толку бројни и упорни, што на крај пилотот морал да слета. Ете, и тоа се случува.