Пар со своите деца патувал по автопатот во Алабама кога пред нив забележале прилично несекојдневна глетка. Пилот, почетник застанал на сред автопатот, навидум, за да си изврши физиолошка потреба. Парот сепак застанал за да прашаат дали некој има потреба од медицинска помош, во малиот авион за двајца. За среќа двајцата патници биле добро.
Фреди Карлмајкл и неговата сопруга одлучиле да застанат да им помогнат на инструкторот Џим Вилис и неговиот ученик, a притоа сопругата го снимила инцидентот. Пилотот почетник, кој бил обучуван од Џим и управувал со авионот, веднаш по застанувањето тргнал да се олесни во тревата до автопатот.
Подоцна Џим и пилотот објасниле дека набрзо по полетувањето откажал моторот на авионот и биле принудени да слетаат, а автопатот им бил најблиску.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!