Не постои добар момент за да дознаете дека Вашиот партнер Ве изневерува. Но, затоа постојат најлоши моменти во кои можете да дознаете дека партнерот Ве изневерува. На пример една од најлошите верзии е да го дознаете тоа на височина од 11 километри, во авион.
Во недела на 5 ноември еден брачен патувал со летот од Доха, Катар до Бали. Сепак кратко по качувањето во авионот љубопитната жена ќе открие нешто што ќе ја смени судбината на нивниот брак, но и на останатите патници. Жената од Иран го отклучила мобилниот телефон на нејзиниот маж, со помош на неговиот отпечаток, додека тој спиел. Додека го „истражувала“ телефонот ги потврдила нејзините сомнежи дека сопругот ја изневерува.
Жената која, според стујардесите претходно испила неколку алкохолни пијалоци почнала да го напаѓа и удира сопругот. Настанала тепачка помеѓу двајцата и двајца членови на екипажот морале да ги разделат. Сепак повредената жена не можела да се смири. Кога ситуацијата излегла од контрола, пилотот морал да донесе одлука и принудно да слета на аеродромот во Ченаи, Индија, над седум часа од дестинацијата.
Таму жената, мажот и нивното мало дете биле отстранети од авионот и задржани на аеродромот во Ченаи, за да се отрезни и смири жената. Тогаш семејството се вратило во Доха со друг авион, но овој пат морале да седат во различни редови.
Во внимателно конструирана изјава, Централните индустриски сили за безбедност го признаа инцидентот, објаснувајќи: „На 5 ноември, околу 10 часот, авионот Qatar Airways QR-962 (Доха-Бали) беше пренасочен во Ченаи. Една жена, заедно со нејзиниот сопруг и дете, сите ирански државјани, беа отстранети од авиокомпанијата Катар откако жената,патник (која била под дејство на алкохол) влегла во физичка и вербална расправија со сопругот и членови на екипажот.“