Канцелариските работници биле преплашени откако авион на кралските австралиски воздухопловни сили летал само неколку метри од високи згради за време на голем фестивал. Авионот „Боинг Ц-17“ бил дел од Riverfire во Бризбејн.
Снимките прикажуваат како големиот авион лета низ градот кон облакодерите и во последна минута се крева за да ги избегне зградите. Оваа точка од луѓето на социјалните мрежи е прогласена за „непотребна, глупава и опасна“. „Сè што ќе биде потребно е мала грешка и тие згради и луѓе ќе бидат печени“, бил еден од многуте негативни коментари. Од кралските австралиски воздухопловни сили сѐ уште не дале свој одговор.
Riverfire се одвива секој септември во Бризбејн, за да го прослават крајот на тринеделниот уметнички и културен фестивал на Квинсленд, со еднодневен концерт, како и со аеробатици од австралиските одбранбени сили.