Бестрашниот авантурист се отвори за неговите најголеми епски мисии, кои го однесоа од високите планини како Еверест до пустината Оман.
Тој вели дека неговата желба да го промени животот и да биде дел од секакви ризици се создала во 1992 година, кога имал само 19 години. Еве ја приказната која ја раскажува Бер:
„Во далечен агол на Индија, стегнато меѓу Тибет, Непал и Бутан, е државата на Сиким. Го фаќа источниот дел на Хималаите и е полн со некои од најекстравагантните природни убавини што ќе ги забележите. И, во 1992 година, тоа го промени мојот живот засекогаш. Сиким беше затворен за туристите и патниците во тоа време, но контакт во индиската армија ни заврши работа и ми даде на мене и на мојот пријател пристап. Нашиот единствен водич беше стара книга на Lonely Planet, и ние поминавме неколку недели со најдобрата авантура што би можело да ја посака секое 19-годишно момче.“
„Секојдневно се качував и пешачев повисоко и повисоко. Кога се зазори едно утро и се најдов себеси како гледам низ далечниот хоризонт на Монт Еверест, знаев дека еден ден ќе се обидам да се искачам на врвот. Се разбира, патувањето не е секогаш совршено. И тоа не треба да биде.“
„Во одредени ситуации сум се губел во дивината и со текот на годините сум бил преблиску до смртта и до помислата дека нема да се вратам дома. И со болести како дијареа и маларија, понекогаш се чувствував толку осакатено што мислев дека никогаш нема да се вратам дома. Но, сфатив дека тешките моменти од секоја авантура често се исто толку клучни како и спектакуларните. Кога ќе завршат, најчесто на нив најмногу се смееме.“
Како пример Бер ја наведува експедицијата на Гренланд кога помислил дека потрошиле премногу гориво и се изгубиле и дека никогаш нема да стигнат до брегот, туку дека ќе заглават во некоја од бурите. Сепак успеале да се спатсат и Бер вели дека тогаш склопил трајни и значајни пријателства.
Бер на почетокот патувал и со својата сопруга Сара, пред да ги добијат нивните 3 сина. Тие заедно биле на „романтично“ патување во пустината Оман.
Фотографијата подоле го прикажува првото појавување на Бер на телевизија: „Тоа беше пилот проба од 3 минути за Канал 4 и Discovery Channel. Тие побараа некоја идеја за опстанокот и предложив да скокнам во замрзнато езеро. Немавме никакви мерки за безбедност и не знаевме што да правиме на телевизија. После овој тест се роди емисијата Маж наспроти дивината.“
Сега Бер советува дека најважниот дел од авантуристичките подвизи е добрата подготовка. Бидејќи во ова модерно време ни се достапни голем број на корисни и преносливи алатки, тој советува никој да не се обидува да се стави себе во ризични ситуации без да преземе соодветни безбедносни мерки.