Наташа Апонте, модел од Њујорк, САД,  им закажала состаноци на мажи кои ги запознала на апликацијата Тиндер. Таа им ветила на сите дека ќе излезе со нив на состанок доколку првин дојдат во центарот на Њујорк да го слушаат нејзиниот пријател кој е диџеј. Мажите се појавиле мислејќи дека останатите мажи во публиката се тука за концертот.

Сепак работите почнале да се одвиваат во друг правец кога Нашата излегла на бината и им кажала дека сите се избраници од Тиндер. Таа им поставувала прашања за „елиминација“, како на пример ги замолила да си одат оние кои го подржуваат Трамп, оние кои имаат девојка или оние на кои девојката им раскинала, затоа што таа „имала доверба во нивната одлука“.

Како шлаг на тортата им кажала на преостанатите „натпреварувачи“ да се тркаат и да прават склекови и оној кој ќе победи ќе ја има таа „чест“ да оди со неа на состанок.

Сподели на Facebook
пати видено