Заземете удобна позиција, пуштете на цел екран и уживајте во прошетката.
Меѓународна вселенска станица е прва вселенска станица изградена од страна на повеќе држави преку нивна меѓународна соработка. Моментално ја сочинуваат 6 главни модули и овозможува престој на 3 членови на постојаниот екипаж. Првите модули на станицата беа лансирани на орбитата и меѓусебно повразни во 1998 година. Првиот постојан екипаж во станицата пристигна во 2000 година. Извор на енергија за МВС се сончевите колектори, а за транспорт на луѓе и материјали до станицата се користат американските вселенски летала Спејс Шатли како и руските вселенски летала Сојуз и Прогрес.