Според соопштение за мадиумите објавено од НАСА минатата недела, агенццијата за денес планира да објави важна вест за нивното истражување на планетата Марс. Досега се соопштени мал број детали за нивното откритие, но го најавуваат како решение за вековната мистерија.

nasa

Следува соопштението во целост:

НАСА ќе објави во детали за големо научно откритие од тековнот истражување на Марс спроведено од агенцијата за време на брифингот во 11:30 на 28. септември, во понеделник во Аудиториумот на Џемс Веб во седиштетот на НАСА, Вашонгтон. Настанот ќе биде пренесуван во живо од НАСА телевизијата и веб страницата на агенцијата.

Учесници на конференцијата ќе бидат:

– Џим Грин, директор на планетарната наука при седиштето на НАСА

– Мајкл Мајер, водечки научник во програмата за истражување на Марс во седиштето на НАСА

– Лухендра Ојка од Институтот за технологија на Џорџија во Атланта

– Мери Бет Вилхелм во Ејмсовиот истражувачки центар во Мофет Филд, Калифорнија и Институтот за технологија на Џорџија

– Алфред Мекјуен, главен истражувач за научно истражување со слики во висока резолуција (HiRISE) при Универзитетот на Аризона во Тусон.

За време на настанот ќе се одржи кратка сесија на прашања и одговори со репортерите на местото на настанот, како и преку телефон. Јавноста исто така ќе може да поставува прашања за време на брифингот, употребувајќи го хаштагот #AskNASA.

Оваа објава возбуди многу истражувачи, а некои дури предвидуваат дека ќе се обзнани за постоењето на живот на Марс. Бившиот астронаут Мак Масимино за Еј-Би-Си Њуз изјави дека тој очекува вест која ќе го смени начинот на размислување.

„Мислам дека тоа би можело да биде нешто што ќе го зголеми нашиот интерес за одење на Марс“, вели тој. „Дека има некаква форма на живот која можеби е откриена и дека таму е можно да се одржува човечки живот.“

Какви ќе бидат точните детали од прес-конференцијата на НАСА, останува да видиме.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено