Многу научници долго сметале дека за ненадејното масовно изумирање на диносаурусите има само еден виновник – астероид кој долетал од небото пред некои 66 милиони години. Но, се чини дека астероидот можеби имал и соучесник.

Истражувачите кои ги проучувале древните текови на лава во денешна Индија, посочуваат дека во истото тоа време кога удрил астероидот, избиле силни вулкански ерупции, смртоносни за сѐ околу нив, покривајќи ја земјата и воздухот со отровни гасови и прав, истребувајќи бројни животински видови.

la-sci-sn-volcanoes-asteroid-mass-extinction-2-001

Наодите, опишани во журналот „Наука“, на овој начин сврзуваат две главни теории за тоа што било тоа што ги убило диносаурусите (и многу други видови).

„Ова е додавање малсо на дебатата“, вели Хенри Мелош, планетарен научник при универзитетот Пердју, кој не бил вклучен во истражувањето.

Во Деканските Трапови во Индија има слоеви врз слоеви на вулканска карпа, одамна скаменети остатоци од една од најголемите вулкански ерупции во историјата на Земјата. Количеството лава која била исфрлена „би одговарала на половина милион кубни километри“, вели Пол Рене, геохронолог при Геохронолошкиот центар во Беркли и научник кој го предводел истражувањето. „Тоа е доволно да се покрие целата Земја со длабочина од околу еден метар.“

Некои истражувачи сметаат дека овој голем настан е тој кој ги истребил диносаурусите, а други сметаат дека вулканите имале мало влијание во споредба со астероидот. Но Рене и неговите колеги се прашувале дали овие настани не се поврзани; на крајот на краиштата, да се има толкави излевања на лава во исто време кога удрил и астероид, тешко дека тоа би било случајност.

Така, истражувачите отпатувале во Индија, во Деканските трапови, кадешто тековите на лава достигнале до 3000 метри во височина, како што истакнува Рене. Таму зеле примероци од различните нивоа на вулканската карпа, при што пониските се постари, а повисоките се помлади, што на научниците им дава временски преглед. Тие сакале да видат дали промените во карпата се совпаѓаат со ударот на астероидот.

Заклучокот на оваа студија е дека астероидот причинил вулканските ерупции од почести, но во помали размери, да преминат во повремени, но во огромен размер, што бил последниот удар врз популацијата на диносаурусите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено