Археолозите направиле неверојатно откритие откако пронашле 2.137 годишен „iPhone“ во гробот на жената за време на откопувањето во „Руската Атлантида“.
Правоаголниот предмет е откриен во гробница, која припаѓала на античка „модна дива“ која археолозите ја нарекуваат „Наташа“. Се верува дека таа живеела за време на Хионгну периодот во античка Монголија во текот на 3 век пред нашата ера.
Иако пронаоѓачите го опишаа предметот дека изгледа како паметен телефон, необичниот предмет всушност е изработен од црн скапоцен камен и украсен со колекција на скапоцени камења поради што уште повеќе наликува на модерните футроли на мобилните телефони.
Помеѓу камењата на „паметниот телефон“ имало тиркиз, карнеол и седеф. Археологот д-р Павел Леус вели: „Гробот на Наташа со Ајфон од Хионгну ерата останува едно од најинтересните наоѓања на локацијата. Се верува дека Наташа го носела предметот како колан, така што можам да замислам колку тежело на половината.“
Предметот е откриен во Ала-Те Некрополис во таканареченото Сајанско Море, џиновски резервоар во планинската Руска Република Тува, што исто така е популарна дестинација за одмор на Владимир Путин. Пронајден е во „Атлантида Некропола“, која обично се потопува под 17 метри вода, но привремено се исцедува неколку месеци секоја година во текот на летото.