Архитектонските и уметничките подвизи на древните Египќани никогаш не престануваат да нѐ изненадуваат со начинот за креирање, но и со способностите за зачувување на истите.
Неодамна, Министерот за антиквитети во земјата, Калед ал-Енани, откри „нова“ добро зачувана гробница украсена со натписи и разновидни релјефи. Археолошките откритија датираат од пред повеќе од 4.000 години – сепак живописот на релјефот изгледа речиси свеж како и на денот кога тие биле насликани.
Недопрената гробница му припаѓала на маж по име Кувај, благородник од Петтата династија, период кој траеше од 25-ти до 24-от век пр.н.е. На разоткривањето министерот ал-Енани донел 52 странски амбасадори, културни аташеа и позната египетска актерка Јосра, за да ги испитаат живописни претстави.
Храмот на Кувај бил пронајден во масивната некропола во Сакара, која се наоѓала во јужниот дел на Каиро. Дизајнот на конструкцијата бил направен во препознатлива форма L. Гробницата имал тесен ходник кој води до „претсобјето“. Уште една уникатна карактеристика која ја пронајдоа беше влезниот тунел, кој обично се наоѓа само во пирамидите. Понатаму има голема просторија во која се сместени разнобојни релјефи.
Тие ја пронашле и мумијата на Кувај, заедно со садовите во кои биле сместени неговите органи. Со ова најново откритие, истражувачите се надеваат дека ќе добијат подобар увид во 40-годишното владеење на Исеси.