Антички маж и жена биле пронајдени во љубовна прегратка, која трае 3.000 години, во Украина.
Археолозите тврдат дека жената била погребана жива за да го придружува својот сопруг во другиот свет. Експертите за аутопсија велат дека не е можно да се постави телото на жената во таква положба ако таа веќе била мртва.
Експертите велат дека веројатно жената избрала да умре и да биде погребана со нејзиниот сопруг. Тие веруваат дека таа можеби испила отров пред да влезе во гробот и го прегрнала нејзиниот неодамна мртов партнер. Парот е во вечна прегратка уште од бронзеното време.
Парот од праисториската Висоцкаја култура биле пронајдени во близина на селото Петриков, јужно од градот Тернопил во западна Украина. Професорот Микола Бандривски, кој ги истражува „заљубените погребани парови“ вели дека оваа античка култура била позната по изразување на „нежност“, но, овој пример е многу впечатлив.
Во други случаи, погребите од оваа култура откриваат „маж кој ги држи рацете на жената, усните на мажот го допираат челото на жената, или се наместени како да се прегрнуваат.“
„Од наша гледна точка жената го направила ова доброволно. Можеби жената не сакака да живее со некој друг човек и да се навикне на нов начин на живот. Значи таа повеќе сакала да почине со нејзиниот сопруг.“, вели Микола.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.