Египетските археолози открија древна работилница за мумификација која датира од пред повеќе од 2.500 години. Специјалист наишол на откритие во близина на познатите пирамиди на Египет во античка некропола јужно од Каиро.
Откритието вклучува работилница за мумификација и заедничко место за погребување, кои се наоѓаат во некропола Сакара на Мемфис – првиот главен град на Египет. Мемфис, светско наследство на УНЕСКО, и неговата огромна некропола се дом на широк спектар на храмови и гробови.
Најновото откритие, објавено на прес-конференцијата во саботата, му припаѓа на Саите-персискиот период, од 664-404 п.н.е. Локацијата која лежи јужно од пирамидата Унас, последен пат била ископана пред повеќе од 100 години, во 1900 година.
Во работилницата за мумификација, пронајден е прибор за балсамирање, керамички садови, чинии и мерни чаши. Други чаши можеби се користече за чување на течност за балсамирање што се користиле за зачувување на телото. Археолозите веруваат дека наодите може да откријат какви масла се користеле во процесот на мумификација во 26-тата династија.
„Ние сме пред златна рута на информации за хемискиот состав на овие масла“, изјавил Рамадан Хусеин, шеф на германско-египетската мисија, на прес-конференцијата. Меѓу артефактите пронајдени се парчиња користени за обвиткување на мумиите и цилиндрични тегли.
Археолозите, исто така, пронашле позлатена сребрена маска на лицето на мумија, сместена во прилично оштетен дрвен ковчег. Маската, прва откриена од 1939 година, му припаѓала на свештеник. Исто така биле пронајдени неколку мумии, дрвени ковчези и саркофази.
„Тоа е само почеток“, додаде министерот за антиквитети Калед ал-Анани. Тој изјавил за новинарите дека локациите, најверојатно, ќе дадат повеќе откритија по понатамошните ископувања.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.