Во 1960 година за време на ископувањето на палатата на Ирод Велики, археолозите пронашле глинен сад, а внатре во него пронашле залихи од семе, скриени од очите на јавноста повеќе од 2.000 години.
Откривањето на оваа “античко семе” се покажа како најстарото потврдено ‘ртење на семе со помош на човечки фактор. Семето припаѓа на родот Phoenix dactylifera, кој расте во Јудеа.
Овие растенија се во изумирање поради повеќе фактори. Всушност одгледувањето на овие палми престана во четиринаесетиот век поради климатските промени. Како и да е овие растенија повторно беа вратени во живот. Палмата од Јуде се сметала за многу важна во античките градови.
Палмите биле едни од најпрепознатливите знаци за луѓето кои што живееле на Блискиот Исток. Овие растенија биле одгледувани најмногу поради нивните плодови и поради сенката која значела спас од врелото пустинско сонце.
Во текот на историјата Јудејските палми станале главна култура за одгледување во царството на Јуда и исто така се сметала како симбол за среќа. Вусшност кралот Давид ја крстил ќерка си Тамара по името на оваа растение, на Хебрејски.
Палмите растеле од крајбрежјето на Мртвото море па се до Галилејското море и Хула долината на север. Таа е спомената дури и во Библијата и Куранот. Растението останало како важен симбол цели 3.000 години, се до доаѓањето на Римјаните.
Археологот Ехуд Нецер од Хебрејскиот Универзитет, кој го пронашол семето, го дал на ботаничкиот археолог Мордекај Кислев од Бар-Илан Универзитетот во Тел Авив. А додека пак Кислев го дал семето на Елејн Соловеј. Семето останало во сенка на историјата се додека во 2005 Елејн не решила да проба дали би можело нешто да из’рти од нив. По кратко време тоа и се случило.
Овие палми се познати и како лековити билки. Се користат во процесот на лекување од рак и туберкулоза.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.