За некои Мачу Пикчу е највредното место за посета во Перу, но не и за Џони Исла, шеф на Министерството за култура во провинцијата Ица во Перу и ко-директор на проектот Наска-Палпа. Инспириран од неверојатни слики на пешачките патеки, од каталог на археолошки истражувања, Исла побарал од тим од специјалисти да му помогне да го пронајде и да го врати геоглифот постар од било кој друг претходно откриен во областа. Според анализите направени на почвата, древните цивилизации направоле слика на „господарот на океаните“ во ридот пред околу 200 п.н.е.
Откако првпат ја видел фотографијата во книга во 2013 година, која беа направена од страна на германските археолози во 1960-тите, кои подоцна не можеле да ги водат луѓето до локацијата, Исла одлучил да го пронајде. Но, тој вели, „Не беше лесно да се најде“ поради неточни детали за точно каде се наоѓал во перуанската пустина. Геоглифот прикажува орка (кит-убиец), кој се сметал за божество од страна на древните цивилизации во регионот. Голем број керамички ртефакти на кои што имало насликано орка биле пронајдени во областа Палпа-Наска во Перу.
Еродираната слика на орка изнесува 70 метри во должина и останала неоткриена за толку долго делумно пради лошата состојба, но и поради изолираната локација. Исла и неговиот тим успеале да го лоцираат геоглифот приближно 400 километри јужно од главниот град на Перу во пустината.
Во Перу, геоглифи се наоѓаат во изобилство. Тие биле создадени од древните луѓе кои напредувале во регионот, а некои ги нарекувале „првите мурали“ некогаш произведени од луѓето. Освен сликата на китот-убиец, постојат и други симболи кои најверојатно биле ставени во некој верски контекст. Стилот дава навестување дека е производ на народите Наска, кои создале повеќе такви гигантски пиктограми низ целиот регион. Сепак, начинот на кој е направен, ја зголемува можноста дека китот всушност е дело на постарата цивилизација што ја окупирала областа, Параките.
Познато е дека регионот некогаш бил дом на Параките, помеѓу 800 и 200 година п.н.е. Според Маркус Рејндел од Германскиот археолошки институт во Бон, ако датумот на геоглифот е 100 проценти точен, тоа значи дека ова е навистина најстариот пример досега откриен.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.