Пред речиси 2000 години, катаклизмична природна катастрофа го збришала римскиот град Помпеја од мапата. Некогаш бујниот земјоделски град се наоѓал во подножјето на вулканот Везув, кога истиот избувнал во ноември, 79 г. н.е. Ерупцијата го претворила живиот град во масовна гробница, затрупувајќи го со шест метри вулканска пепел. Многу жители кои не успеале да избегаат биле убиени на лице место од преголемата жештина. Најсмрзнувачкиот дел од сето ова е што нивните тела биле практично конзервирани од пепелта, совршено замрзнати во времето.

Местоположбата на Помпеја била заборавена се додека не била повторно откриена од група археолози во 1738 година. Во денешно време, Помпеја е едно од најпопуларните туристички одредишта во Италија, а истражувачите продолжуваат да ги истражуваат и каталогизираат телесните останки на нејзините некогашни жители. Оваа недела тие направиле, вознемирувачко, срцепарателно откритие.

Тие откриле зачувани останки од мало дете кое седело во скутот на мајка си кога се случила трагедијата. Веруваат дека било старо само четири години.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

Уште потрагично, момчето и неговата мајка биле најдени крај останките на неговиот татко и брат.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

„Иако се случило пред 2000 години, сепак глетката ви го трогнува срцето. Ова е човечка археологија, не само археологија“, вели Стефанија Џудиче, конзерватор во Националниот археолошки музеј на Неапол.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

Трагичната сцена била откриена при проектот за реставрација на 86 зачувани тела на археолошкиот локалитет.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

Како што истражувачите работат на востановување на овие тела од далечното минато, тие се сосема свесни за емоционалниот ефект при нивната работа.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

„Ракувањето со овие останки додека го нанесуваме гипсот може да биде многу потресно“, изјавила Џудиче за новинарите.

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

Последната цврста прегратка

ITALY-POMPEII-RESTORATION-LABORATORY

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено