Аптекар се обидува да му продаде на еден стар фармер средство против комарци. фармерот рекол:
– Ајде да те соблечеме гол, да те врземе на еден столб во дворот на фармата, да те намачкаме со твоето средство и ако утре наутро немаш ниту едно каснување од комарец, јас ќе ти ги купам сите средства против комарци а и целото село постојано ќе купува од тебе.
Трговецот се согласил и го врзале сосема гол на сред дворот, откако претходно го намачкале со препаратот. Наутро целото семејство на фармерот дотрчало да види што се случило. Гледаат, човекот стои врзан, жив, нема ниту едно каснување од комарец, но личел многу преморен и измалтретиран…
– Синко, зошто си таков измачен?
– Слушај, дедо, ај кажи ми… она шарено теленце таму, си нема ли мајка?