Доколку сте љубопитни и сакате да знаете како изгледа вашето потекло во проценти тогаш испробајте ја апликацијата Chatbot. Оваа апликација скоро стана атракција и истата преку слика може процентуално да ви прикаже на која раса припаѓате и со кои други сте поврзани. Секако ова не е најверодостоен начин на проверка, но е одличен начин за забава. Земавме неколку слики од познати личности и ја испобавме апликацијата на нив.
Аријана Гранде
90% Европско, 7% Еврејско и 1% Латино. И самата пејачка има изјавено дека е половина Сицилијанка и Абрузијка, односно и двајцата нејзини родители имаат Италијанско потекло.
Анџелина Џоли
Европско 87%, Еврејско 6% и Африканско 5%. Актерката има прилично различно етничко потекло, вклучувајќи Германско и Словенско од нејзиниот татко, и Француско од нејзината мајка.