Тинејџерка споделува дека во најтешките денови на својата анорексија тежела само 22 килограми и поради тоа морала да биде хоспитализирана. Кјара Шобер од Лихтенштајн вели дека нејзиното момче го спасило нејзиниот живот. 19-годишната студентка вели дека стомачните болки, како и смртен случај во семејството ја турнале во спирала на излегување на ситуацијата од контрола и во најлошите мигови преживувала со само 39 калории дневно. Но, со љубовта и поддршката од нејзиното момче Џејсон, Кјара успеала да се справи со нејзините проблеми и да ја надмине анорексијата. Сега е со здрава телесна тежина и јаде сѐ што ќе се стави пред неа.

kj01 kj02

„Се чувствувам толку среќна што Џејсон ми помогна да се промени сето тоа, тој ме виде во најлошите моменти, па така јас знам дека навистина ме сака.“

Кјара се запознала со 17-годишниот Џејсон пред една година и набргу се вљубиле. Кјара верува дека нивната љубовна врска е тоа што ѝ го спасило животот и дека без поддршката на Џејсон таа денес не би била тука.

„Кога Џејсон ме запозна пред една година, јас бев целосно друга личност. Едно време тежев само 22 килограми – кога денес ќе погледнам назад, не можам да поверувам, бев кожа и коски“, вели таа.

kj03 kj04

Во тоа време Кјара јадела многу малку и докторите ѝ кажале дека си го ризикува животот.

„Кога докторите ми кажаа дека моето тело нема да може да издржи уште долго без храна, знаев дека е сега или никогаш. Тогаш Џејсон ме поттикнуваше да јадам повеќе, ме водеше на ручеци и купуваше грицки, како пуканки, за да грицкаме заедно. Наскоро повторно почнав да уживам во јадењето, тој ми помогна и ментално да закрепнам.

kj05 kj06

Отсекогаш сонував еден ден да се омажам и да имам свое семејство, Џејсон направи повторно да сфатам што е најважно во животот. Се плашев од сите видови храна освен овошје и зеленчук, но сега пак можам да јадам сладолед, пица, и сѐ што ќе се стави пред мене.

Сакав пак да бидам здрава за нас двајцата, сакав да можеме да излегуваме и да правиме сѐ што прават нормалните двојки и да не дозволам било какво нарушување во исхраната да ме контролира.“

Кјара вели дека нејзините проблеми со јадењето започнале со болките во стомакот кои почнала да ги чувствува во раните тинејџерски години.

„Тогаш почнав да страдам од лоши грчеви во стомакот и постојано се чувствував полна и заситена. Почнав да се чувствувам виновна кога јадев и никогаш не се почувствував гладна, па така почнував да јадам сѐ помалку и помалку, бидејќи не сакав да јадам чисто колку да се јаде.“

kj07 kj08 kj09

И тогаш по семејна трагедија анорексијата ја презела контролата врз нејиниот живот.

„Кога почина баба ми, ми се скрши срцето, таа ми беше помогнала малку, но кога ја изгубив, мојата тежина повторно почна да тоне во спирала.“

kj11

Помислата на јадење понекогаш ѝ предизвикувала мисли на самоубиство и минувала месеци во болница.

„Мразев да одам во болница. Толку многу страдав и повремено состојбата ми стануваше сѐ полоша. Ме ставаа на разни режими на исхрана, при што морав да јадам неколку оброци дневно, вклучувајќи разни каши и брокули. Но, докторите не можеа да ме натераат да јадам било што, па така понекогаш слабеев и за време на мојот престој во болница. Дури се заканив и дека ќе се убијам ако останам во болница.

kj12

Мајка ми ме одведе дома спротивставувајќи им се на докторите бидејќи мислеше дека така ќе се справам подобро. Но, кога почина баба ми, мојата состојба почна брзо да се влошува и повторно минав девет месеци во болница.“

Кјара советува секој кој страда како неа веднаш да побара помош. Таа вели:

„Закрепнувањето не беше лесно, но на секој во слична состојба му препорачувам да се види со доктор или психолог веднаш штом ќе забележи некакво нарушување во исхраната.

По излегувањето од болница, веќе не сакам да погледнам наназад. Сега пак имам контрола врз моите емоции и станав многу поздрава и во подобра форма. Никогаш повеќе не сакам да слабеам како порано.“

Сподели на Facebook
пати видено