Фирма во познатата Силиконска Долина во Сан Франциско, САД, ѝ помага на ИСИС да зајакне и ја подобрува нејзината онлајн сигурност, тврдат од хакерската група Анонимус.

Хактивистите кои ја нападнаа активноста на интернет на терористичката групка, како одговор на терористичките напади во Париз, ја обвинија компанијата КлаудФлер дека ги заштитуваат промилитантните веб сајтови. Фирмата врши услуга на четири милиони свои клиенти, којашто го забрзува поставувањето на веб страниците и помага во одбраната од сајбер напади. Тие ја спречиле акцијата на Анонимус во текот на која хакерите се обиделе да ги оптоварат сајтовите приврзаници на ИСИС со информации, со цел да ги срушат, така што ги поврзале врските преку своите мрежи. Тоа значи дека ако Анонимус се обидат да срушат некоја веб страница, технологијата која ја обезбедува КлаудФлер го спречува нивниот обид.

Неодамнешен извештај ги обвини КлаудФлер дека штитат четириесет веб страници кои имаат врска со тероризмот, од коишто триесет и седум форсираат чиста пропаганда.

Анонимус ја постираа следната порака на Твитер: „Уште еднаш се покажа дека КлаудФлер даваат услуги на сајтови кои се про-Исламската Држава. Срамно!“

anonimus

Метју Принс, коосновачот и главниот извршен директор на КлаудФлер ги демантира ваквите тврдења, велејќи: „Тешко е да се поверува на анализите на некои деца. Анонимус нѐ користат нас за некои од нивните сајтови, и покрај притисокот на некои центри да ги симнене сајтовите на Анонимус.“

Тој додава дека доколку полицајците или федералните власти дојдат во нивната канцеларија во Сан Франциско и побараат соработка, тие ќе прифатат, со тоа сугерирајќи дека попрво би сакал да соработува со официјални владини служби на САД, наместо со некој безимен корисник на Твитер.

Во 2013 година компанијата се соочила со слични обвинувања во врска со веб страница којашто ги користи нивните услуги, а којашто имала врски со Ал Каеда. Принс напишал блог пост во одговор на обвинувањата, сугерирајќи дека тие го штитат правото на слободен говор.

„Веб страницата е говор, тоа не е бомба и не создава директна закана и ниеден провајдер нема обврска да надгледува и да донесува решенија за теоретски опасната природа на говорот кој сајтот можеби го содржи…Ако добиеме валидна судска наредба да не даваме услуги на некој корисник, тогаш би се потчиниле на таа судска наредба. Но, ние никогаш не сме добиле барање да се затвори страницата во прашање од било какви законски инстанци, а не пак да добиеме валидна судска наредба“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено