Откако уште еден велосипедист бил повреден налетувајќи на дупка, Ванкси (Wanksy; wank е англиски сленг за мастурбација), уметник од Голем Манчестер, Англија, решил да дејствува. Со отстранлива боја нацртал пениси околу дупките во неговото соседство, и верувале или не, истите биле поправени во текот на следните 48 часа!
„Луѓето ќе поминат по истата дупка и ќе заборават на неа“ вели Ванкси. „Но кога ќе нацртате нешто околу неа, тогаш сите ја забележуваат, ќе јават на властите и веднаш ќе биде поправена.“ Претставник на властите не се согласува со него: „Цртањето на вулгарности околу дупките нема да направи тие побрзо да се поправат, туку едноставно претставува залудно трошење на време и средства.“
За да ги известите властите преку официјалната веб страна на Манчестер, ќе ви требаат пет клика, ќе треба да пополните еден формулар, еден прашалник и потоа ќе бидат потребни најмалку пет дена за да се провери дупката. Значи врска немаат Англичаните, треба да земат пример од нас и за брза реакција на властите, и за граѓанска свест и општествена одговорност.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.