Непознат тргувач со крипто валути наводно, заработил повеќе од 200 милијарди долари од Ether, за временски период од еден месец. Анонимноста која ја нуди крипто валутата покренува многу прашања во врска со употребата на Bitcoin и Ether во мејнстримот.

0X00A651D43B6E209F5ADA45A35F92EFC0DE3A5184. Не ова не е грешка, тоа е идентификациски код за виртуелниот паричник на анонимниот тргувач. Овој човек успеал да ги зголеми своите средства од 55 долари во 283 милиони долари, во многу краток период. Тој имал профит од 413% од дигиталните пари на Ethereum мрежата и крипто валутата Ether.

Износот на заработка од крипто валутата е неверојатен, но не и невозможен. Неодамна вредноста на Bitcoin и Ether се зголеми, а вкупната вредност на крипто валутите го достигна максимумот на 6 јуни кога надмина 100 милијарди долари, според Блумберг.

Анонимност и безбедност

Соочени со растот на крипто валутите експертите се прашуваат дали анонимноста е корисна или не. Тоа е една од главните причини за популарноста на овие валути.

„Една од најважните карактеристики е тоа што Вашиот идентитет не е поврзан со ова. Ваквата финансиска приватност е важна карактеристика.“, изјавил Спенсер Богарт, од компанијата Blockchain Capital, платформа за тргување со дигитални валути.

Сепак анонимноста е и извор на повеќе проблеми. Во неколку сајбер-напади бил побаран откуп во Bitcoin и овој тренд може да продолжи. „Кредибилитетот на виртуелните валути нема да се зголеми ако тие се користат за криминални цели. Во овој контекст, анонимноста ќе стане повеќе пречка отколку предност за виртуелни валути.“, беше истакнато во нацрт-законот за дигитална валута од Европскиот парламент.

Дали доколку виртуелните паричници добијат „идентитет“ ќе се намали мејнстрим прифаќањето на крипто валутата? За крипто валутата како Ether не би требало да има големо значење, затоа што се користи за плаќање за апликации кои работат на Ethereum blockchain. Но затоа Bitcoin би претрпел поголема финансиска штета.

Сподели на Facebook
пати видено