Група момчиња од Англија отишле на училиште во здолништа, откако училиштето забранило носење на шорцеви и покрај високите летни температури.
Ученици од средното училиште Појтон во Чешир, ги позајмиле училишните здолништа од девојчињата за да ја оспорат политиката во која се вели дека не им е дозволено да носат шорцеви. Родителите ги поддржуваат момчињата и велат дека е „смешно“ девојчињата да можат да носат здолништа, но на момчињата да им е забрането да имаат шорцеви како дел од нивната униформа.
Дури и некои од вработените во училиштето ја искажале поддршката за одлуката на момчињата. Идејата за „протестот“ во здолништа била на 13-годишниот Еди. Бидејќи училиштето промовира еднаквост и во нивниот правилник стои дека „не ја специфицираат униформата според пол“, Еди решил да го искористи ова.
Девет момчиња на возраст од 13 и 14 години присуствувале на часовите во здолништа. Еден од наставниците во рекол на Еди веднаш да ги облече пантолоните, на што тој му одговорил: „Мислам дека можете да прочитате дека униформата е унисекс, па можам да носам здолниште ако сакам.“
Дејвид Вауг, директорот на училиштето изјавил дека по протестот во здолништа сите деца имале час по човекови права, каде учеле за дискриминација по пол. Тој додал: „Ние имаме кодекс за родово неутрална униформа и шорцевите не се дел од таа униформа за никого. Имаме студентска лидерска група која сака да дискутираме за летната униформа и дали можеме да ја прилагодиме летната униформа и да ги вклучиме шорцевите или да ги отстраниме вратоврската и палтото.“