По година во којашто светот беше потресен од одвратните терористички беснеења и војната против бруталните екстремисти, англиската кралица реши да ја испорача нејзината најхристијанска порака до сега. Извори блиски до претстојното емитување велат дека таа своето традиционално новогодишно обраќање ќе го искористи за да ја истакне својата лична вера, како и нејзиното верување за улогата која христијанството во континуитет ја одиграла во центарот на британскиот живот, и покрај сѐ поизразениот секуларизам на земјата.

kr01

Нејзините зборови ќе бидат особено значајни имајќи ги предвид џихадистките напади од страна ИСИС, сметаат набљудувачите. Бившиот бискуп од Рочестер, Мајкл Назир-Али изјавил: „Очигледно екстрмизмот е позадина за сѐ што било која јавна фигура ќе го каже во овие времиња.

Кога луѓето од оваа земја би обрнале повеќе внимание на тоа што кралицата го вели за значењето на христијанството во нашиот личен, како и нашиот национален живот, тогаш ние би биле во многу подобра позиција да се соочиме со него. Кралицата исто така е свесна дека христијаните, како и други, се соочувале со порогнства без преседан на Блискиот Исток минатата година, и би можеле да се соочат со истребување.“

kr02

Назир-Али, којшто по потекло е од Пакистан, додава: „Кралицата е многу свесна за потребата јасно да ја изрази својата вера, во исто време почитувајќи ја верската определба на другите. Има притисок следното крунисување да биде мултирелигиозно, или нерелигиозно. Според мои информации, тоа ќе биде христијански настан, но очигледно кралицата ќе сака да го подзасили тоа.“

Пораката ќе биде емитувана на ВВС и ИТВ во 15:00 на 25. декември.

Сподели на Facebook
пати видено