Си пијам кафе и читам весник и гледам наслов: „Англичаните го прогласија YUGO за најлош автомобил во светот“, а во образложувањето наведуваат дека тоа е затоа што не можат да пијат чај во YUGO, без да се насипат.
Си мислам, па нормално дека ќе се насипеш кога си разгален и неспособен Англичанец. Зошто пиеш чај, зошто не пиеш кафе како сиот нормален и хоризнотален свет? Кај нас бре човек во YUGO може да пие, да јаде, да се бричи, да си ги искапе децата, да е*е, и секакви други работи, затоа што ние сме небески народ, а вие сте англиски гомна.
Еве сѐ што можете да направите во YUGO, а не можете во останатите автомобили:
- Во ниту еден друг автомобил не можеш да сместиш жена, две деца и свиња и да имате доволно место да не се скарате, аниту пак да се опуштите.
- Можеш да му го исечеш кровот со пила и да имаш кабриолет за 200 евра.
- Можеш да си ги набилдаш рацете, рамената, бицепс, трицепс, затоа што серво е за пи*ки.
- Немаш проблеми со бојата бидејќи скоро секое YUGO е црвено! Ако почне да рѓосува немаш проблем бидејќи и таа е црвена.
- Кој уште видел со BMW да се оди на слава во Прдејци? На „куково лето“ ќе поминете со BMW по оние патишта кои ни останаа од Турците.
- Ако заборавиш каде си го паркирал, седнуваш во првото YUGO што ќе го видиш, ставаш клуч во бравата и тргнуваш. А плус и газдата на тоа YUGO нема да ти се налути, можеби и ќе те благослови, не се лути никој кога ќе му го украдат YUGO-то. А и на тебе ако ти го украдат е исто, секогаш ќе има друго YUGO кое ти ќе можеш да го украдеш. Ако некој пријави дека му го украле YUGO-то полицијата воопшто не обрнува внимание на тоа. Ќе ти се замараат за едно украдено YUGO? Абе иди бегај.
- Појасот се фиксира за седиштето така што во случај на сообраќајна незгода поголема е веројатноста дека ќе излеташ со сѐ седиштето. Тоа го има само во YUGO и во воените авиони.
- Мала е разликата помеѓу обично и спортско YUGO. Спортскиот модел има тениско топче на куката.
- Се пере само кога има дожд.
- Кога Брус Вилис седна во него во оној филм кажа „ЈИПИКАЈЕ“ што во наш превод значи „е сега на*бавте“ и ги истепа сите терористи, да беше друг автомобил тоа немаше да се случи.
- Кога имаш секс во YUGO тогаш си „ебач“, кога имаш секс во Мерцедес тогаш си „спонзор“.
- Мобилниот ти е поскап од автомобилот
- Секогаш можеш да му ја дуплираш вредноста, само наполни му го резервоарот до крај.
- Кочницата е само формалност!
- Има повеќе резервни делови отколку основни.
- Полицијата никогаш нема да те стопира во YUGO поради пребрзо возење. Мојот комшија, полицаецот Миле, 30 години работел како сообраќаец и вели дека никогаш не видел YUGO да оди повеќе од 50 на час. Тој вели дека ако видел некое YUGO да оди над 60, ќе го частел сопственикот.
- Кога полагаш за возачка во Голф 5 не знаеш да влезеш во кружен тек, но кога полагаш на YUGO автоматски како да си добил возачка за B, C, D, E и дозвола за малокалибарски пиштол.
И потоа таму некои „Енглези“ ќе ми викаат дека YUGO е најлошиот автомобил во светот, мамката нивна, кога добро се знае дека не сме како останатиот свет.
Автор: Сашо Станковиќ
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.