Водена од опсесијата за тоа како луѓето ги запишуваат и се потсетуваат на спомените и идеите, студентката по уметност и дизајн Кирстен Камара ја дизајнирала „Аналогната мемориска маса“, којашто можеби е врвната површина за скицирање.

Масата има вграден механизам за лизгање на 1000 метри хартија во ролна вградена во нејзините ногарки, на којашто би можеле да забележите спомени, идеи и цртежи собирани со месеци, па и години. Масата сѐ уште не е во продажба, но наместо тоа, Камара објавила детални скици од својот дизајн, за да можете да си ја направите сами.

masa1

masa2

masa3

masa4

masa5

Сподели на Facebook
пати видено