Амишите се познати по нивниот старомоден начин на живот. Тие ја избегнуваат технологијата и модерните погодности, остануваат во рамките на нивните тесно поврзани заедници и често избираат народни лекови пред модерната медицинска нега. Тогаш зошто толку многу Амиши доживуваат длабока старост?

Според најново истражување ова се случува затоа што тие имаат интересна генетска предност. Тие носат нефункционална копија од генот познат како SERPINE1. И оние со овој ген имаат тенденција да живеат неверојатни 10 години подолго од другите во нивната заедница. Уште повеќе, изгледа дека избегнуваат многу несакани ефекти од стареењето, како што е дијабетесот.

Една нова студија, објавена во Science Advances, ги истражувала луѓето од Индијана од Стариот Поредок на Амиши, во обид да разберат зошто некои членови на заедницата имаат импресивно долг животен век. „Тие не ја искористуваат модерната медицина воопшто, па фактот дека носителите имаат среден животен век од скоро 85 години е прилично извонреден“, изјави за „Индепендент“ д-р Даглас Вон, специјалист за кардиоваскуларни заболувања на Универзитетот Нортвестерн.

Луѓето веќе долго време ги бараат тајните за подобро стареење и подолг живот. Денес, се чини дека генетиката може да ни обезбеди сосема нова и малку повеќе научна „фонтана на младоста“. Тимот откри дека луѓето со SERPINE1 мутација во просек имаат 10 проценти подолги теломери. Теломерите се ДНК насоки кои се наоѓаат на краевите на хромозомите, заштитувајќи ги од оштетувања. Претходните истражувања покажаа дека кога старееме, нашите теломери се скратуваат. Меѓутоа, треба да се направат повеќе истражувања за да се утврди дали постои врска помеѓу SERPINE1 и должината на теломерите.

Но, има еден проблем. Додека луѓето со само една копија на SERPINE1 ги искористуваат придобивките од подолг живот, луѓето кои имаат две копии не се толку среќни. Всушност, кога се повредени, тие страдаат од прекумерно крварење. Во меѓувреме, ако се надевате дека можеби имате една копија од овој чудесен ген, вашите шанси се прилично мали. Додека 43 од вкупно 177 Амиши тестирани во студијата имале мутација, само околу еден во 70.000 „обични“ луѓе ја имаат оваа мутација.

Најверојатната причина за невообичаената распространетост на генот меѓу Амишите е дека овие луѓе имаат тенденција да останат во рамките на нивните тесни заедници и да имаат повисоко ниво на поврзаност едни со други од општата популација. Но, за наша среќа, знаејќи за предноста на една копија на SERPINE1 може да биде прилично корисно за истражувачите кои се обидуваат да разберат како најдобро да го забават процесот на стареење и да им дадат на луѓето подолг живот.

Сподели на Facebook
пати видено