Американската армија планира да ги опреми своите авиони со технолошки високо развиени ласерски оружја во рамките на само пет години. Ласерските уништувачи како во „Војна на ѕвездите“ се чинат како дел од технологија којашто е со светлосни години далеку од денешната технологија, но според воздушните сили на САД, нема да мине долго време пред да почнеме да гледаме вистински ласерски оружја употребувани од борбените авиони на млазен погон.
Моќните ласери веќе биле тестирани на американските воени бродови, како начин за одвраќање на дронови или помали пловни објекти, а истата технологија ќе може да се употребува за уништување на проектили.
„Ова навистина е национален врв“, вели Кели Хамет од истражувачката лабораторија на воздушните сили на САД. „Гледаме како технологијата еволуира и созрева до фаза кога навистина ќе може да се употреби.“
Оружјето на принцип на насочена енергија на борбените авиони може да им донесе значителна предност, овозможувајќи им на пилотите да напаѓаат повеќекратни цели, а притоа потрошувачката на муниција да се држи на минимум. Постојат дури планови да се примени вид на одбранбен штит на леталото кој исто така ќе користи ласерски оружја за автоматски да ги уништува проектилите во определен радиус на авионот.
Предводникот за овие технологии е т.н. HELLADS, со кој се стреми да се постигне ласерски систем кој е десет пати помал и полесен од досегашните ласери со слична моќ, овозможувајќи интеграција во борбените летала.