Американските тајни служби одлучиле да испратат шпион во воената академија во Македонија. По 3 дена шпионот бил фатен и екстрадиран назад во Америка. Шпионот го дал следново објаснување:
– На предавања, сите спијат – само јас пишувам и внимавам и затоа ме фатија.
Го испратиле вториот шпион, повеќе квалификуван. По 3 недели и него го фатиле. Тој објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам. Но, потоа откако се наспијат сите бегаат од часовите – само јас не бегам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи, го испратиле третиот шпион. По еден месец, сепак и него го фатиле.
– На предавањата – спијам, после сите бегаат – и јас трчам, но кога се приберавме по своите соби, сите играт карти и табла – само јас си учам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи Американците одлучиле да го испратат најдобриот шпион… Него го фатиле за 3 месеци… Шпионот објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам, после сите бегаат – и јас бегам, кога ќе се прибереме во своите соби, сите играат карти и табла – и јас играм. Но како дојде сесија, СИТЕ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ – САМО ЈАС НЕ МОЖЕВ…