Американски истражувачки тим открил древна гробница која му припаѓала на Аменхотеп, чувар на храмот на египетското божество Амон во Луксор. Гробницата датира во периодот 1543-1292 г. пр.н.е. во времето на Новото царство на 18-та династија – најславната од сите египетски династии. Гробниците биле најдени на почетокот на овој месец на локалитетот Шеик Абд ел Кума, кој се наоѓа во подножјето на Тебанските планини, помеѓу познатата Долина на кралевите и Долината на кралиците над градот Ал-Кума.
Неверојатните фотографии прикажуваат громница со светло зелени и кафеави ѕидни слики со хиероглифи кои отсликуваат прослави и секојдневни активности, и покрај нивната старост, се во впечатливо зачувана состојба. Египетскиот министер за старини Мамдух ал-Дамати изјавил дека за жал гробницата во определен период била ограбена и дека ги нема саркофазите со мумии украсени со накит.
„Гробницата содржи многу восхитувачки сцени со светли брои насликани врз гипс“ вели министерот Мамдух ал-Дамати. „Многу од сцените ги претставуваат сопственикот на гробницата и неговата сопруга пред обредна маса, како и поглед кон божица која дои кралско дете, но исто така има и сцени од секојдневниот живот.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.