На прашањето дали во вселената сме сами има најразновидни одговори, во зависност од тоа кој прашува и кој одговара. За луѓето кои веруваат во НЛО и во паранормални активности, одговорот на ова прашање со сигурност е „да“, но за некои одговорот не завршува на тоа. Тие веруваат дека не само што има вонземјани, туку дека тие често ја посетуваат Земјата, па дури и дека имаат склучено договор со американската влада.
Овие вонземјани ги нарекуваат „Сивите“ и според теоретичарите на заговор, еве како се случило тоа.
Во повеќето приказни на оваа тема се раскажува дека договорот бил склучен во 1954 година. Според легендата, во базата Едвард Ер Форс пристигнала делегација сиви вонземјани со единствена цел да стапат во контакт со американскиот претседател Двајт Д. Ајзенхауер, со цел да постигнат договор.
Договорот наводно е наречен „Договор Тау IX за зачувување на човештвото“.
Во основа тие велат дека Сивите целосно го владеат небото над САД и можат да грабнат кого сакаат за да изведуваат експерименти на него. Наводно со договорот е предвидено луѓето да не се сеќаваат на грабнувањето. Во замена, владата добива отворен пристап во технологијата на вонземјаните.
Наводниот доказ за оваа теорија лежи во фактот дека на 20 февруари 1954 година Ајзенхауер ненадејно исчезнал додека се одморал во Палм Спрингс.
Официјалното објаснување за печатот било дека претседателот имал итна потреба за стоматолошка интервенција, но наводно вистината е дека тој тајно бил одведен во базата за да се сретне со вонземјаните.
Но, состанокот не одел според планираното. Едно од главните барања на вонземјаните било да се напушти нуклеарното оружје и луѓето да престаната да се убиваат меѓу себе, а во тоа време ова не им одговарало на САД.
Како доказ за оваа наводна средба, се јавуваат многу луѓе кои наводно присуствувале на неа, како и голем број на луѓе кои тврдат дека биле грабнати од нив. Дали тоа е вистина, или се работи за некои откачени лудаци жедни за внимание, останува мистерија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.