69-годишната поранешна медицинска сестра од Арканзас, Патриција Хил, го убила нејзиниот 65-годишен сопруг Френк Хил во јули 2018 година, а судењето само што заврши. Причината за конфликтот била фасцинацијата на човекот со пoрнo-кaнaли, кои ги гледал на телевизорот што си го поставил во шталата. На бабата ѝ пукнал филмот кога дедото повторно се претплатил на телевизиските канали со содржина за возрасни и покрај фактот што таа претходно ја откажала претплатата. За време на кавгата, таа два пати го застрелала нејзиниот сопруг со пиштол. Потоа отишла во куќата и се јавила во полиција за да го пријави убиството.

Пред некој ден, Патриша Хил беше осудена на 16 години затвор за убиство од втор степен. Со оглед на нејзината возраст и доброто однесување, бабата може да се квалификува за условно ослободување уште во 2022 година.

Сподели на Facebook
пати видено