Виктор Шепард, жител на градот Хоума, Луизијана, 9 години го возел својот пикап Toyota Tundra и успеал да помине неверојатни 1 милион милји, односно 1,6 милиони километри. Откако ја превртел километражата го однел возилото во салонот на Тојота. Следува целата приказна.

Шепард често патувал на работа во Северна Дакота, Вајоминг и Вирџинија и постојано морал да вози. Возилото го купил во 2007 година. Во просек годишно возел по 200 илјади километри. Пикапот го сервисираат кај овластените дилери на Тојота, а според Шепард, до сега немал ниту еден дефект, сето тоа било рутинско одржување, промена на масло, филтри и слично. За девет години, одел на сервис вкупно 117 пати.

Кога од Тојота го виделе овој феномен решиле да му подарат на човекот нова Тундра, а старата ја задржале за детално испитување. Експертите ќе го испитуваат моторот, менувачот, шасијата и други компоненти, за потоа да го применуваат стекнатото искуство во производство на нови возила.

001

002

003

004

005

006

007

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено