Светот едноставно не е рамнодушен на Америка, луѓето или ја сакаат или ја мразат. Ја мразат поради нивниот империјализам, поради тоа што изигруваат светски полицаец, ги нарекуваат Американците глупави, дебели и што ли не, но има нешто на што ретко кој од критичарите обрнува внимание – луѓето од целиот свет се обземени од американската култура! Погледнете само, каква е облеката која ја носиме? Што најчесто носите во секојдневието – џинс, панталони кои ги носеле американските фармери, да не речам селани. Каква музика слушате? Од каде доаѓаат вашите омилени филмови, за брзата храна и да не говориме. Факт е дека САД се тоа што некогаш биле Англија, Франција или Рим. Се оди дотаму што во светот се празнуваат и традиционално американски празници, а ќе се изненадите кога ќе прочитате каде сѐ се прави тоа.

4-ти јули, Русија

us01

На сликате не гледате прослава на 4. јули во САД, ова е руска прослава на независноста на Америка. Празникот го прославуваат од 1995 и претставува најголемата прослава на 4. јули надвор од САД.

Ден на благодарноста

us02

Денот на благодарноста е поврзан со американските индијанци, како и со американските пионери, и е препознатлив американски празник, а сепак се празнува и надвор од САД. Всушност, можеби најдоброто место каде би можеле да присуствувате на прославата на овој празнк е во – Турција! Во Истанбул има голема американска заедница и тие го направиле овој празник популарен дури и кај Турците, и за празникот секаде можете да си нарачате мисирка и разни јадења со тиква.

Гозба во Кејптаун

us03

А еве како во Кејптаун, Африка, се прославува денот на благодарноста.

Бенгази, Либија

us04

Проамерикански демонстрации во Либија по убиството на американскиот амбасадор Крис Стивенс кое се случи во 2012

Сан Хуан, Порторико

us05

Демонстрации во Порторико на кои многу Порториканци ја искажуваат желбата да бидат дел од САД.

Пешавар, Пакистан

us06

На овие протести во 2005, Пакистанците го покажуваат обратното. Тука исто протестираат и против нивниот проамерикански настроен претседател Первез Мушараф.

Шринагар, Индија

us07

Индијци го палат американското знаме како одговор на стрелањето во Коранот од страна на еден американски војник.

Њу Делхи, Индија

us08

Овој протест се одржа пред националниот совет Шиа Улема во 2009. Протестот е антиизраелски и антиамерикански.

Тунис

us09

На овој протест пред американската амбасада во Тунис беше уништено американско знаме со ликот на Мерилин Монро на него.

Иран

us10

Иранците се лути на САД уште од револуцијата во 1979.

Сподели на Facebook
пати видено