Стотици мистериозни кругови се најдени во Амазонската џунгла. Досега биле покриени со дрвја, но остранувањето на шумата ги исфрлило на виделина. Иако малку се знае за нивната примена, поради нивната необична геометриска структура се споредуваат со Стоунхенџ, а се претпоставува и дека настанале како место на ритуални собирања. Според тврдењата на истражувачи од Бразил и Велика Британија, круговите се наоѓаат во западниот дел на Амазон и не се толку „недопрени“ како што се претпоставувало.
– Фактот дека нешто вакво лежело сокриено со столетија под прашувама го оспорува мислењето дека амазонските шуми останале недопрен дел од екосистемот, тврди д-р Џенифер Ватлинг, истражувач при Музејот за археологија и етнографија во Сао Паоло.
– Сакавме да утврдиме дали регионот веќе бил пошумен кога се направени овие геоглифи и до која мера луѓето влијаеле на околината при нивната изработка. Сметаме дека и покрај нивниот огромен број и густина во регионот, шумите порано не биле вака „збришани“ како во последните неколку години.
Со реконструкција, научниците утврдиле дека луѓето со векови создавале мали, привремени чистини за изградба на овие тајанствени структури, а преку анализа на растенијата тие направиле и реконструкција на видот на древната вегетација, како и проценка за тоа колку шуми изгореле во тој период.
Иследувањето открило дека домородците не согореле голема површина на земја, туку се концентрирале на економски вредните видови дрвја, на пример палми, претворајќи го своето опкружување во „предисториски маркет“.
Мистериозните кругови зафаќаат површина од 13 илјади квадратни километри во Бразил.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.