Амазон лансира нова видео услуга која на луѓето ќе им овозможува да ги поставуваат нивните видео клипови – и да заработуваат пари од нив. Во нешто што се чини како обид за конкуренција на Јутјуб и нивната „Партнерс“ услуга, којашто на луѓето им овозможува да поставуваат реклами на нивните видеа, компанијата ја лансира услугата Амазон Видео Дајрект. Корисниците на услугата ќе можат да ѝ пристапат од нивната главна Амазон Видео апликација.

am

Авторите на видеата ќе добиваат процент од парите платени од корисниците на Амазон Прајм, коишто ќе мора да платат за да бидат членови на видео услугата. Исто така ќе добиваат пари и од изнајмувањата, продажбите, претплатата како и бројот на видувањата на рекламите, исто како на Јутјуб.

Авторите на видеата ќе можат да изберат дали нивните видеа ќе бидат поставени како дел од услугата Амазон Прајм. Ако не го изберат тоа, нивните видеа ќе бидат достапни бесплатно – со што за првпат Амазон ќе овозможува бесплатно гледање на видеа.

На почетокот ова ќе биде остварено со група партнери, меѓу кои Хау Стаф Уоркс и Гардијан. Новата услуга е последниот чекор во битката помеѓу Јутјуб и Амазон. Минатото лето Гугл ја лансираше услугата Јутјуб Гејминг – посебен сајт посветен на пренос на игри во живо, со што му конкурираше на Твич на Амазон.

За разлика од Нетфликс и Јутјуб, коишто се достапни речиси насекаде низ светот, Амазон Видео сѐ уште има ограничен достап. Сега за сега, ќе биде достапен само во САД, Велика Британија, Германија, Австрија и Јапонија.

Сподели на Facebook
пати видено