Денес луѓето станаа големи зависници од социјалните мрежи и нивниот пад ми божел да значи крај за „социјалниот живот“ на многу лица. Сепак до каде може да оди загриженоста за „здравјето“ на социјалните мрежи? Жителите на Австралија и Нов Зеланд очигледно сметаат дека проблемот со кој Фејсбук и Инстаграм се соочија вчера е работа на полицијата.
Неколку станици објавиле молби до граѓаните да престанат да им се јавуваат за да им кажат дека не им функционираат социјалните мрежи. „Знаеме. Нашиот Фејсбук и Инстаграм исто така не функционираат. За жал не можеме да направиме ништо за ова, бидејќи, знаете, тие се наоѓаат во Америка и ние сме полицијата. Затоа ве молиме, не ни се јавувајте за да го пријавите ова. Убаво ве молиме.“, напишале од полициската станица во Кентербери, Нов Зеланд, на Твитер.
Придружувајќи се на забавата, Службата за итни случаи на Јужна Австралија напишала на Твитер: „Знаеме дека Фејсбук и Инстаграм паднаа. Ве молиме не јавувајте се на тројна нула за да нè известите.“
Освен Фејсбук и Инстаграм исто така не функционираше и апликацијата WhatsApp која е во сопственост на Фејсбук.