Ново видео покажува колку брзо Одделот за транспорт и јавни објекти во Алјаска успеа да ја поправи огромната штета од земјотресот со јачина од 7 степени, минатиот петок.

Воздушните снимки ги покажуваат патиштата пред и по четири последователни денови во кои биле корегирани големите кратери во градот Енкориџ.

По фотографиите кои го прикажаа степенот на моќност на земјотресот, новите снимки и фотографии покажуваат како здружената 24 часовна работа може да придонесе до повторно враќање на патиштата во нивната првобитна состојба.

Претседателот Доналд Трамп и поранешниот гувернер Бил Вокер објавиле вонредна состојба и веднаш нарачале реконструкција. Поради ниските температури не било лесно да се изградат патиштата и автопатите, но властите не се откажале и успеале во својата цел.

Сподели на Facebook
пати видено