Песочни наноси претставуваат опасност за морскиот сообраќај. Често најдени во близина на крајбрежјето и околу пристаништата, овие плитки, потопени кревети од песок продолжуваат да ја менуваат својата форма и позиција што претставуваат голем ризик за навигација на бродовите.
Бидејќи песокот има тенденција да лебди со плимата и осеката, тешко е да се зацврсти предупредувачкото светло на песочните наноси, а уште помалку да се добие цврста основа за постојан светилник.
Проблемот со поставување на светилникот на песочните брегови во голема мера го вознемирил Александар Мичел (1780 – 1868), ирски производител на тули кој водел успешен бизнис за производство на тули во близина на Белфаст. Белфаст има силна традиција на пловење на море, и Мичел, без сомнение, слушнал многу трагични приказни за животи изгубени на море. Мичел одлучил да направи нешто во врска со тоа и покрај тоа што нема формална обука за инженерство, или за изградба на светилници.
Неверојатно е тоа што Александар исто така бил СЛЕП.
Кога имал 7 години семејството на Александар се преселило во Пајн Хил, во близина на Белфаст, каде што се запишал на престижната академија во Белфаст. Додека учел аритметика, геометрија и тригонометрија на училиште, Александар ја открил својата љубов кон математиката и тој се истакнал во тоа.
Видот на Александар отсекогаш бил лош, но постепено се влошувал кога станал постар. На шеснаесетгодишна возраст тој повеќе не можел да чита. Неговото семејство му помогнало во студиите, бидејќи младиот свет на Александар полека се претворил во вечна темнина. На 22 години, целосно ослепил. Според некои извештаи, загубата на видот на Александар се должи на инфекција на мали сипаници од детството.
И покрај тоа што бил слеп тој водел многу активен живот. Се оженил со девојката од соседството и имале 5 деца. Александар редовно организирал забави за видни луѓе и голем дел од луѓето кои не го познавале не ни приметувале дека е слеп.
Тој играл вист и табла со своите гости додека помошник му шепкал како тече играта. Тој 30 години бил во бизнисот со тули. Во 1832 година, тој се повлекол од производство на тули, а следната година, на возраст од 52 години, го патентирал „столбот-завртка“.
Неговото решение било едноставно, наместо да се поставуваат обични железни столбови во песокот или глината, тој сметал дека треба да се „завртат“ во место. Секој столб требал да има пропелери како сечила кои ќе им овозможат да бидат „завртени“ во земјата како огромна спирала.
Тој го тестирал пронајдокот со неговиот 19-годишен син Џон, но му биле потребни 5 години за да ги убеди властите да го прифатат неговиот патентиран пронајдок. Во 1838 бил изграден првиот светилник. До крајот на наредниот век, стотици светилници со навртки се појавиче насекаде низ Британските острови и во Северна Америка. Мичел лично ја надгледувал изградбата на неколку. Луѓето велат дека тој иако е слеп се качувал по скали и паѓал во морето, но сепак бил упорен.
Денес овие столбови сѐ уште се користат за различни апликации за градби од светилници до железница, телекомуникации, патишта и бројни други индустрии каде што е потребна брза инсталација. Повеќето индустрии користат вакви столбови поради ефикасноста на трошоците и намаленото влијание врз животната средина.
Александар Мичел бил избран за член на Институтот за градежни инженери во 1848 година, а следната година го прими медалот Телфорд за неговиот изум. Тој починал на возраст од 88 години во неговиот дом во близина на Белфаст во 1868 година.