Албино луѓето, особено деца, се ловат во Танзанија како животни, според извештаите. Дури самите семејства тргуваат со своите најблиски со цел да добијат пари и продобивки од некои од најбогатите луѓе во државата.
Во оваа африканска земја постои бизарно верување кои тие го сметаат за „традиција“.
Луѓето веруваат дека делови од тело на албино личност ќе им донесат многу среќа и богатство. Ваквите луѓе се спремни да платат 3.000 или 4.000 долари по екстремитет или пак околу 75.000 долари за целото тело.
Како резултат на тоа, луѓето со албинизам честопати се напаѓани од луѓето кои сакаат да им ги исечат екстремитетите, оставајќи ги осакатени или, во многу случаи, мртви. Албинизмот влијае на еден од 1.400 луѓе во Танзанија, за кој експертите велат дека е толку чест поради инцестот во руралните заедници во земјата.
Тоа е наследна состојба која предизвикува целосно отсуство на пигментација во кожата, косата и очите. Откако започнале да се прават записи, имало 74 убиства, а има и 59 лица со преживеани напади, додека 16 гробови биле ограбени за делови од телата, но се верува дека има многу повеќе нерегистрирани.
Најновиот случај бил четиригодишната Пендо Емануел Нунди, кој била киднапиран од нејзиниот дом во декември. Нејзиниот татко и вујко биле уапсени во врска со нејзиното исчезнување, но дури и со награда од 1.200 евра што ја понудила полицијата, сè уште не е пронајдена.
Мвигулу Матонанџ имал само 10 години кога тој бил нападнат од двајца мажи додека се враќал дома од училиште. Мажите му ја отсекле левата рака, пред да исчезнат во џунглата. По бруталниот напад, кој се случил во февруари 2014 година, тој изјавил: „Ме држеа како коза која треба да биде заклана.“
Според извештајот на ОН, 38-годишна жена била нападната од нејзиниот сопруг и четворица други мажи, додека спиела во февруари 2013 година, додека нивната осумгодишна ќерка го гледала грозоморниот инцидент.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!